­

Сообраќајка меѓу армиско и цивилно возило: повредени тројца припадници на Армијата


Почина-54-годишен-маж-од-Струшко-возилото-во-кое-се-превезувал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска на патниот правец Штип – Кочани во 13:00 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел.


Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени во кочанската болница на понатамошни медицински иследувања.

На лице место се излезени МВР и припадници од Воената полиција, информира МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK