Со возило удрил пешак во Богданци, па избегал

zm-policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито” во Богданци, патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.Д.(61) од Богданци, удрило во малолетен пешак од Гевгелија, по што го напуштил местото на настанот.


Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гевгелија.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK