Со нож ѝ се заканил на жена додека пиела кафе и ѝ ја украл чантата


kradec-off-the-shoulder-depositphotos_42726915_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за тешка кражба.


На 26 ноември, додека една оштетена седела пред кафетерија во Тетово и пиела кафе, а својата чанта ја оставила на столицата до неа, осомничениот и се заканил со нож и и’ ја одзел чантата.

По пат го извадил паричникот во кој имало 4.000 денари, а чантата ја фрлил на земја. Продолжувајќи да се заканува со ножот, избегал од местото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK