Со црева краделе гориво од резервоарите на претпријатието во кое работеле: уапсени двајца кумановци

1692973564_policija-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчеравечер на 11 септември, околу 21 часот во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д.С.(52) и С.М.(55), двајцата од Куманово.


Тие биле затекнати како од две возила оставени на паркинг на јавно претпријатие во кое работеле, со гумени црева извлекувале, односно одземале гориво од резервоарите.

Кај нив биле пронајдени и одземени 7 пластични канти со гориво и две гумени црева.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK