Вчера во Кавадарци на улицата Тиквешко востание, патничко возило „лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Н.(43) од Кавадарци, удрило во 73-годишна жена со иницијали С.Б..
Во несреќата, како што информираа од МВР, жената се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.