Вчераво 07.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат В.В.(59) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.