Скопјанец осомничен за полови дејствија врз дете, го повикал на разговор во парк и го допирал

MVR-bit-pazar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против 58-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете родено 2008 година, со што сторил кривично дело согласно член 186 став 7 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.







 

Во раните утрински часови денеска, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство осомничениот во парк во една населба го сретнал малолетникот со кого претходно се познавале и го повикал да разговараат, по што започнал да го допира.

– Малолетникот успеал да се извлече и го пријавил во полиција, соопштија од ЈО.

Со цел обезбедување на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за јавување кај надлежен државен орган, одземање на патна и друга исправа за преминувањe на државната граница и забрана за воспоставување контакт со оштетениот.

Судијата на претходна постапка попладнево ги прифатил предложените мерки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK