Скопјанец нападнат од вработен во Управата за водење на матични книги

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопјанец во полицијата пријавил дека бил физички нападнат од вработен во  Управата за водење на матичните книги, во Центар.



„На 25.10.2024 во 12.05 часот во СВР Скопје Н.Б.(44) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот во објект на Управата за водење на матичните книги, на подрачјето на Центар, по претходна вербална расправија бил физички нападнат од едно лице вработено во објектот“, информираа од МВР во дневниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK