Во домот на подрачјето на Бит Пазар вчера бил пронајден починат М.С.(50) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, објави МВР во дневниот билтен.