Син го нашол татко му мртов, сиот со рани, во Гостивар – се сомневаат дека го нападнале животни

Син-го-нашол-татко-му-мртов-сиот-со-рани-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Осумдесет и тригодишен маж од Форино, Гостиварско бил најден мртов во нива во близина на шталата што ја користел.


Мажот бил најден од страна на неговиот син и имал повеќе рани по телото.

Од МВР велат дека најверојатно го нападнале животни, но не прецизираат за какви животни станува збор.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Телото е на обдукција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK