Вчера во 11.40 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.Д.(51) од кривопаланечко село.
Тој се сомничи дека физички ја нападнал и извршил обљуба врз 82-годишна жена од истото село.
Ѓ.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.