Шведски државјанин возел „порше“ барано преку Интерпол

DSC_0028-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На Граничниот премин Табановце, вчера во 14:50 часот полициски службеници го лишиле од слобода К.А.Ј.Б.(49) од Шведска, поради тоа што при извршени проверки во оперативна евиденција било констатирано дека патничкото возило „порше каен“ со шведски национални ознаки, кое тој го управувал, а било сопственост на лизинг компанија, било предмет на потрага од Интерпол – Шведска.


Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK