Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Н.А.(41) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за загрозување на сигурноста и телесна повреда при вршење семејно насилство.
На 9 јуни во семејната куќа, по претходно расправија, физички ги нападнал неговата сопруга и малолетниот син, а неговата мајка ја турнал, соопшти МВР во полицискиот билтен.