Седумина повредени, меѓу нив и тројца малолетници при судир на ,,мерцедес“ и ,,џип“

soobrakajka-8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрово во 00.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат с.Неготино-Гостивар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,мерцедес“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од С.Ш.(51) од Неготино, и патничко возило ,,џип“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од Н.Д.(46) од гостиварско Горјане.



Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле патниците од возилото „џип“ С.Н.(25) и С.Н.(40) од Горјане и С.Ш., додека Н.Д. и три малолетни сопатници се здобиле телесни повреди, констатирани во медицински центар во Гостивар.

Увид на лице место извршила екипа од ОВР-Гостивар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK