Санкционирани се 70 возачи за пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место во акциска контрола што полицијата ја спроведе вчера од 12 до 18 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи во Тетово.
Од вкупно санкционираните, 58 се од Тетово, а 12 од Гостивар. Од санкциите во Тетово, пет биле за повеќе од 70 километри на час над дозволеното, 26 казни за пречекорување за брзината од 50 до 70 километри на час, а изречени се и 22 прекршоци за движење на возила со поголема брзина од пропишаната во населено место.
-На возачите-прекршители изготвени им се поднесоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и тие ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност. Оние кои биле значително пребрзи ги очекува и мерка времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година, информира МВР.