Возило на Амбасадата на Италија се запалило вчера на место викано Теферич-Кисела Вода.
Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода излегле местото на настанот, при што е констатирано дека е опожарено возило „џип”, сопственост на Амбасадата на Италија, а управувано од Д.М.(41) од Скопје.
Возачот објаснил дека движејќи се во правец од Теферич кон Сопиште забележал чад и оган од десната страна на предната хауба, при што застанал и со помош на граѓани го изгаснале пожарот.
Опожарен е делот на моторот и шал таблата. Повредени нема.