Вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Леце Котески” во Прилеп, во куќа сопственост на 48-годишниот Д.А. од Прилеп настанал пожар, при што со телесни повреди- изгореници се здобиле две деца, кои биле сами во една од просториите, извести МВР.
Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.