Се пукало, се удирале со стаклени и дрвени предмети: масовна тепачка во Гостиварско

gasen-pistol.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска околу 4 часот и 30 минути ги лишиле од слобода: С.А.(36) од гостиварско Дебреше, С.Т.(23) и Ф.Т(54) од гостиварско Неготино, С.Т.(40) од гостиварски Равен, С.Р.(40) и Н.Р.(41) од гостиварско Врапчиште, А.П.(34) од Скопје и гостиварците Д.О.(35), П.М.(36) и Б.Г.(40).



Тие се сомничат за нивна инволвираност во меѓусебна физичка пресметка која непосредно пред тоа се случила во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар.

Според пријавеното, во пресметката биле користени стаклени и дрвени предмети, а еден од учесниците пукал и од огнено оружје.

Сите се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK