Неколку лица се повредени кога автобус кој сообраќал на патот Струмица – Валандово се превртел на коловозот.
Имено утрово околу 06.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, Ф.А.(42) од Струмица, управувајќи автобус со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот.
Во несреќата со повреди се здобиле неколку лица кои биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.