Санкционирани возачи поради вршење превоз без лиценца, несоодветна документација

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од страна на Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на наплатна станица Глумово, запрено е товарно моторно возило “мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки, сопственост и управувано од Ќ.Р. од Гостивар.



Од извршената контрола, утврдено е дека истиот превезува огревно дрво( со соодветна документација), но не поседува лиценца за вршење на јавен превоз на стока. За истото од страна на  Мобилната единица за компезаторни мерки е известен Државниот инспекторат за транспорт од чија страна е изречена глоба во висина од 500 евра.

Исто така, денеска на наплатна станица Глумово, запрено е товарно моторно возило “ман” со тетовски регистарски ознаки сопственост на правно лице од Желино а управувано од Ш.Љ. од Тетово. Од извршената контрола, утврдено е дека возачот ја нема потребната документација, односно нема патен налог и товарен лист. Од извршените дополнителни проверки, исто така е утврдено и дека тахографот на возилото е небаждарен, по што за истото е известен Државниот инспекторат за транспорт од чија страна е изречена глоба во висина од 3.900 евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK