Санкционирани 194 возачи во Скопје, 21 за брзо возење

policija-kazni
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

МВР информира дека вчера Секторот за внатрешни работи Скопје при контрола на сообраќајот во главниот град изрекол 194 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкциja, 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

– Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила и друго, соопштуваат од МВР.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK