Вчера МВР спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 189 возачи.
Од нив, како што соопшти МВР, 115 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 41 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Министерството потсетува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.