Санкционирани 109 возачи во општина Чаир

policija stop
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

МВР соопшти дека вчера, од 16.30 до 23.30 часот, при засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Чаир, санкционирани се 109 возачи, од кои 41 мерка за возење повеќе од дозволената брзина.

Санкционирани се и 15 возачи на мотоцикл кои не користеле заштитна кацига за време на возење.


-Седум мерки се за возење без возачка дозвола, 22 за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведува МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK