Санкционирани 109 возачи кои возеле побрзо од дозволеното во Битола и околината

policija stop
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– На територија на СВР Битола вчера во периодот од 15.00 до 21.00 часот беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 109 возачи. Од вкупно 109 возачи, 43 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од МВР.c


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK