Сакал да краде во хотел во центарот на Скопје, со нож го нападнал и обезбедувањето

1692973564_policija-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Е.А.(36) од Кочани.


Тој се сомничи дека околу 01.30 часот во хотел на подрачје на Центар се обидел да одземе предмети, но бил забележан и задржан од еден вработен и од лице од обезбедувањето.

Притоа, тој им се заканил со остар предмет и со тврд предмет го нападнал лицето од обезбедувањето.

Е.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK