Полициски службеници од ОВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје приведоа двајца малолетници кои околу 9 часот на територија на Бит Пазар со закана со остар предмет одзеле пари од други двајца малолетници.
Во присуство на родител, бранител и психолог од Центарот за социјални работи Скопје извршен е службен разговор со малолетниците и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 237 од КЗ.