Вчера во село Могила, битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода 50-годишниот Б.Б., 40-годишниот Г.П., 48-годишниот Т.И. и 34-годишниот Р.О., сите од Могила, поради сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешка кражба“, извести МВР.
– При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби извршени во земјоделски комбинат во с.Радобор, општина Могила. Пронајденото било вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во Полициската станица Битола, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.