Пронајдено и приведено и трето лице инволвирано во разбојништво лани во август во Скопје

priveden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Ѓорче Петров расчистија кривично дело разбојништво извршено на  4 август 2022 во продажен објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје.

-Во врска со случајот, на 5 август 2022 од слобода беа лишени Л.Ј., на кој му била одредена мерка притвор, и Ш.И., кој бил вратен во казнено-поправна установа каде издржувал затворска казна. Додека вчера од слобода бил лишен М.И.(19) од скопското село Крушопек и во неговиот дом бил извршен претрес со судска наредба, соопшти МВР..


По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK