Пронајдени мигранти во Гевгелија, приведен криумчар

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 07.10.2024 во 08.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Д.Ј.(27) од Гевгелија.



При преглед во возилото „ауди“ без регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти (две од Сирија и 10 од Ирак). Претходно, околу 07.30 часот на локалниот пат Стојаково – Богданци, полициските службеници ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото „ауди“, со кое било и возило „бмв“, а кои веднаш потоа го напуштиле местото. По преземени мерки и активности, прво било најдено возилото „ауди“ со мигрантите, а околу 17.00 часот во Богданци било пронајдено и возилото „бмв“.

Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а за настанот бил известен и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Прес-конференција на В.Д. Директорот на Фондацијата за култура и спорт по повод културно-уметничката програма која Фондацијата, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово веќе традиционално ја организира во рамките на прославата, односно, одбележувањето на Денот на народното востание на македонскиот народ “11 Октомври”.