Вчера во 18:30 часот во село Дуброво, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Х.Т.(20) од Дуброво и неговата 17-годишна невенчана сопруга.
Со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на Х.Т. и при преглед кај малолетничката била пронајдена и одземена марихуана, која Х.Т. ѝ ја дал кога ги забележал полициските службеници.
Тие биле приведени во полициска станица, со малолетничката бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Неготино, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.