Приведено лице од Сарај за издржување на тригодишна затворска казна

lisici-na-race-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера попладне во 15.50 часот во село Копаница, општина Сарај, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 27-годишниот Ш.С. од село Копаница, извести МВР.


– Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK