Приведено лице од Кумановско за издржување шестгодишна затворска казна

521983-zatvorenik-izbega-od-tetovskiot-zatvor.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 03.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле 46-годишниот И.Љ. од село Черкези, кумановско, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик, извести МВР.


И.Љ. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK