Околу 03.20 часот на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 38-годишниот А.Б. од гостиварска Симница, извести МВР.
– За него била распишана потерница за доиздржување на затворска казна од 1 година и 8 месеци. Притоа, кај него бил пронајден и одземен кокаин, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за доиздржување на казната.