Приведено лице од Бугарија за давање поткуп

policija_mvr_433534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода вчера околу 14 часот во Скопје го привеле Б.Е.Г. (60) од Петрич, Република Бугарија поради сторено кривично дело „давање поткуп“ по чл.358 од КЗ.

– Имено, Б.Е.Г. бил сопрен од полициските службеници откако сторил сообраќаен прекршок односно со товарно моторно возило „ивеко“  поминал на црвено светло на семафор, а откако полициските службеници му ја побарале сообраќајната дозвола и му укажале дека ќе му биде изречена глоба, Б.Е.Г. во сообраќајната дозвола ставил пари (евра) и рекол дека тоа го направил за да се почестат, односно да не му изречат глоба.  Полициските службеници веднаш го лишиле од слобода Б.Е.Г.  за сторено кривично дело „давање поткуп“ по чл.358 од КЗ, се вели во соопштението од МВР.


Од МВР, информираат дека е известен јавен обвинител и по документирање на случајот против Б.Е.Г. до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK