Приведено лице од битолско поради предизвикување на пожар

lisici-apsenje-policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 19.20 часот во с.Кременица, битолско, полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(27) од с.Кременица. Тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева.


Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот.

И.Т. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK