Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден бил приведен 30 годишник од Прилеп, баран со потерница.
„На 28.09.2024 во 17.30 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Е.(30) од Прилеп, кој бил баран со потерница по издадена судска наредба од Основен суд Прилеп. Н.Е. бил баран за издржување на казна затвор во траење од една година“, соопштија од МВР.
Лицето е спроведено во Казнено поправната установа Затвор Битола.