Приведено едно лице при претрес во Охрид, пронајдена дрога

priveden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На плажа во близина на Охрид, утрово околу 02.00 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(34) од Охрид.

При преглед во возилото „бмв“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, информираа денеска од МВР, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин и марихуана.


– Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и метален грендер со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK