Вчера, на патот помеѓу селата Могила и Вашарејца, Битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола ги лишиле од слобода Д. Ќ. (23), Н. М. (18) и С. М. (22), сите од Битола.
Тие се сомничат дека со употреба на сила и погоден алат влегле во објект на правно лице и одзеле повеќе предмети.
Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.