Три странски државјанки се приведени синоќа во периодот од 23.35 часот на до 01.35 часот во акциската контрола спроведена во два угостителски објекта во тетовско Горно Седларце и тетовско Жеровјане од полициски службеници од СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државен трудов инспекторат.
Во објектот во Горно Седларце, сопственост на А.А.(32) од тетовско Боговиње, биле затекнати Д.Р.(31) од Република Албанија и А.П.(38) од Белорусија, а во објекот во Жеровјане, сопственост на Х.А.(33) од Боговиње, 32-годишната К.В.С. од Русија.
– Трите странски државјанки се приведени поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта, по што се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци, соопштија денеска од МВР.