Приведени три лица од Албанија, користеле фалсификувани британски пасоши

mvr_768687676
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – На граничен премин на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, денеска во 14.30 часот полициски службеници ги привеле М.В. и Б.И., на возраст од 24 и 31 година, како и една малолетничка, сите од Република Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– При пасошка контрола и проверка, било констатирано дека лицата на увид приложиле фалсификувани британски патни исправи, појаснуваат од МВР.



Трите лица биле предадени на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид, за понатамошна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK