Вчера полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода П.М.(24) и Н.И.(24), двајцата од Кавадарци поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ на 24.10.2023 околу 23 часот, кога во Кавадарци физички го нападнале Ф.Н. (23) и му одзеле мобилен телефон.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветена пријава.