Вчера во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишија од слобода 20-годишниот Д.К. и 25-годишниот Џ.И., двајцата од Струмица, извести МВР.
– Тие се сомничат дека на 11.11.2003 во Струмица со употреба на сила одзеле личен предмет од едно лице. Предметот е пронајден и вратен на сопственикот, а лицата се задржани во Полициска станица Струмица и за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.