Вчера во 14.00 часот во близина на село Рожден, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода С.Ш.(59) од село Кукуречани, битолско, Ј.Н.(53) од село Долно Ботушје, општина Македонски Брод и Б.С.(62) од село Лисичани, општина Пласница.
Околу 12.30 часот кај претоварна станица на правно лице од Кавадарци, во близина на рудник кај с.Мрежичко, кавадаречко, тие биле забележани како со подесен алат сечат и демонтираат доводен бакарен кабел за напојување со електрична енергија на електромоторите кои ја движат транспортната трака од рудник до фабрика. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.