Вчера во 12.30 часот во село Долно Српци, општина Могила, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода 35-годишниот Т.Н., 37-годишниот Б.Џ., 20-годишниот С.Р., 23-годишниот А.Р., 45-годишниот А.Р., 32-годишниот Е.Б., 24-годишниот Д.Д., 24-годишниот Е.К. сите од Прилеп и 61-годишниот Р.В. од село Мажучиште, прилепско, извести МВР.
„Тие биле затекнати при извршување на кражба во објект на ЗИК „Пелагонија“. Од нив биле одземени патничко возило „фолксваген венто” со прилепски регистарски ознаки, патничко возило „фолксваген венто” со гостиварски регистарски ознаки и патничко возило „форд транзит” со гостиварски регистарски ознаки, натоварени со повеќе предмети сопственост на ЗИК „Пелагонија“, соопшти МВР.
Предметите биле вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветна пријава.