Вчера на магистралниот пат Ресен – Прилеп, на место викано „Тунелот” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола ги лишиле од слобода 21-годишниот Е.Ј. и 31-годишниот А.А., двајцата со престој во Битола, извести МВР.
– Тие биле затекнати во возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Ј.(21), а совозач бил А.А., а кое било натоварено со огревно дрво без жиг и испратница, соопшти МВР.
Лицета биле задржани во полициска станица, а дрвата биле предадени на шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.