Приведени четири лица, кај нив пронајдени два килограми марихуана

PRIVEDEN -LISICI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 13.50 часот, ги лишиле од слобода Ѓ.П.(54) од село Ореше, општина Чашка, И.М.(47) од Струмица, Х.М.(37) од Кочани и Р.Г.(46) од село Богомила, општина Чашка, кај кои биле пронајдени околу два килограми марихуана.


– По претходни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници извршиле преглед во патничките возила „рено сеник“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Х.М. и „фолксваген голф“ со велешки регистарски, управувано од Ѓ.П., а во кои се превезувале и другите лица. Притоа, во возилото „рено“ биле пронајдени околу два килограми марихуана, информираа денеска од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK