Доцна синоќа во 00.50 часот на езеро Младост во Велес, полицијата ги приведе Н.Ѓ.(27) од Чашка, В.М.(31), Н.А.(25) и 27 – годишната В.К., сите од Велес.
При контрола на патничко возило „бмв“ со велешки регистарки ознаки, управувано од Н.Ѓ., а останатите лица биле сопатници, В.М. фрлил пакување со марихуана, кое е пронајдено и одземено.
Лицата се приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.