Приведени бегалци од затвор, вратени на доиздржување на казните

zatvorenik.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 17.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Р.(27) од Струмица, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица. Д.Р. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување 5 месеци и 17 дена. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.


На 28.10.2024 во 19.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.Џ.(21) од село Лакавица, штипско, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица. Е.Џ. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување 10 месеци и 15 дена. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK