Вчера вечер во 22 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода 35-годишната Џ.С. од Виница, извести МВР.
– Таа се сомничи дека околу 19.30 часот влегла во куќа во село Тимјаник, неготинско и се обидела да изврши кражба, соопшти МВР.
Лицето било приведено во ОВР Неготино и по целосно документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава.