Приведен жител на Здуње, осуден на затворска казна од една и пол година

Приведен-жител-на-Здуње-осуден-на-затворска-казна-од-една.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрово, околу 3.20 часот, на улицата Борче Јовановски во Гостивар, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го привеле 35-годишниот Ѓ. М. од гостиварско Здуње.



За него била издадена судска наредба, со која се барал како осудено лице на затворска казна од една година и шест месеци.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK